Friday, December 3, 2021

Уште едно ново партнерство кое ветува долгорочна соработка и трајни пријателства

Основните училиштата „Гоце Делчев“ од Илинден и „Братство Единство“ од Коњари неодамна го склучија своето партнерство и веднаш започнаа со конкретни активности. Партнерството беше проследено со свечена приредба што ја организираа учениците од „Гоце Делчев“, кои имаа уште еден повод за прослава. Ова училиште стана едно од 35-те енергетско ефикасни образовни објекти во земјава, откако во изминатиот период беа реновирани прозорите и вратите, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.