Monday, December 6, 2021

Поддршка на училиштата за да станат модел за меѓуетничка интеграција во образованието

Истакнувајќи го огромниот интерес што го пројавија училиштата за да постанат модел за меѓуетничка интеграција во образованието, комисијата за избор, која имаше доста напорна и одговорна задача, избра 4 од вкупно 75 пријавени училишта.

Беа избрани следните училишта:

  • Основно училиште „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ – Охрид
  • Основно училиште „САНДЕ ШТЕРЈОВСКИ“ – Кичево
  • Средно градежно училиште „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“
  • Средно економско општинско училиште „ГОСТИВАР“ – Гостивар

Овие модел училишта се очекува да придонесат за подлабоко разбирање на разновидните пристапи на етничката интеграција, и тоа преку вон-наставни, а доколку е возможно и преку наставни активности, односно зголемување на соработката меѓу наставниците и родителите од различно етничко потекло, што пак ќе придонесе децата да се стекнат со поголемо знаење за разновидните начини на учење, во кои составен дел е и принципот на вклучување.

Овие четири (4) училишта во првата пилот година ќе послужат како основа за надградување на проектот, односно негова примена во други основни и средни училишта, преку објавување на најдобрите практики и научени лекции и нивно пренесување во другите училишта низ земјата.

Тимот на проектот организираше три (3) училишни презентации во избраните училишта, и тоа за вработените во училиштата, за претставниците на родителските одбори и за училишните одбори. Презентацијата ги опфати основните концепти на меѓуетничката интеграција во образованието, очекуваната вклученост, придобивките и предностите од ангажманите, како и запознавање на училиштата со основањето на Училишните тимови за интеграција. Овие тимови ќе имаат главна улога во планирањето, координацијата и надзорот на училишните активности, вклучително и во самооценувањето на училиштата.

Прирачникот за избраните членови на Училишните тимови за интеграција (критериуми, изборна постапка, скала за оценување, наративен опис на улогите и одговорностите) беше поделен во училиштата, со цел да се подготви терен за следниот период кога треба да се формираат чилишните тимови за интеграција, да започнат со работа и бидат делотворни во своето работење.