Monday, September 27, 2021

Индикатори за квалитетот на работата на училиштата

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) во партнерство со Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат го започна процесот на подобрување на Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата со приоритетни теми од областа на образованието. Оваа активност ќе придонесе за поголема одржливост на напорите од страна на образовните институции и проектите за подобрување на севкупниот воспитно-образовен процес во училиштата во Република Македонија. Оттука, во следниот период ПМИО ќе организира низа работни состаноци, фокус групи и интервјуа со голем број на засегнати страни во образованието.

Првата фокус група се одржа на 17 септември 2012 година и беше посветена на надополнување на индикаторите од аспект на инклузивно образование. Со цел да се обезбеди континуирана меѓуетничка интеграција во нашиот образовен систем, ПМИО организира работна средба со претставници од Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, општините, невладините организации, како и практичари од основното и средното образование. Наставни планови и програми, Учење и настава, Управување и раководење беа трите од вкупно седум области кои беа ревидирани и надополнети за време на состанокот. Во претстојниот период, тимот на ПМИО во соработка со Државниот просветен инспекторат ќе го продолжи процесот на надополнување на индикаторите и до декември 2012 година, новата подобрена верзија на индикаторите ќе биде претставена на сите државните просветни инспектори и училиштата.