Sunday, July 25, 2021

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се темите на 4-те работилници кои беа претставени во рамки на промотивниот настан „Денови за меѓуетничка интеграција“, кој се одржа во основното училиште Живко Брајковски во општина Бутел, кон крајот на октомври. Во активностите беа вклучени наставници и ученици од 7 основни училишта од општина Бутел.

14858532_10207117792758879_697121971_o 14813165_10207117795518948_1546343192_o 3

Претставниците на општината и бројната публика се запознаа со резултатите од работилницата „Училиште цветна градина“, во која учествуваа наставници и ученици од училиштата ,,Живко Брајковски“, „Гоце Делчев“, „Лиман Каба“ и „Панајот Гиновски“. Учениците беа групирани во 4 групи и под менторство на наставниците работеа најразлични активности – изработуваа цветни аранжмани, икебани, постери, хамери, цветна градина во училиштето и цветна градина во дворот на училиштето. Сите продукти беа направени од рециклирани и природни материјали – листови  од дрва, садници со цвеќе, зимзелени дрва, украсен камен.

14808066_10207117795318943_191618519_o 14881178_10207117793638901_1962319297_o

14859522_10207117789718803_1781754435_oПосебно внимание на денот на презентацијата привлече цветната градина во училиштето и во дворот на училиштето, каде што посебна симболика претставуваше ,,цветниот воз“. Седумте вагончиња и локомотивата ги претставуваат седумте основни училишта и општината, која помогна во реализацијата на активностите за меѓуетничка интеграција. Садниците претставуваат расадник на ученици, на кои ќе се потпира иднината на општината и државата.

Цветната градина во дворот на училиштето претставуваше посебен продукт во кој беше претставен системот за наводнување капка по капка, искористувајќи ја дождовницата за полевање на садниците и цвеќињата засадени во искористени автомобилски гуми.

14876206_10207117792358869_905322407_o

Сите учесници во работилницата беа целосно посветени на реализација на поставените задачи. Идеите потекнуваа од сите учесници и се преточуваа во готови продукти, што беше и една од целите на работилницата. Дружењето, соработката, креативноста, почитувањето и учењето на јазиците на заедниците беа нераскинлив декор од прекрасната атмосфера за време на заедничката работа.