Tuesday, September 28, 2021

Ученици од Кавадарци во посета на другарчињата од скопското село Рашче

Забавни игри и еко-акција за време на 5-та средба на учениците од основните училишта „Дрита“ од скопско Рашче и „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци. За време на заедничкото дружење, кое се одржа кон средината на март во село Рашче, 30-та ученици од двете училишта ги развиваа стекнатите пријателства од претходните средби и споделуваа нови искуства.

Активностите започнаа со традиционални ора, кои заеднички ги одиграа сите ученици. Потоа, играа забавни интерактивни игри, цртаа пролетни цреши, изработуваа торбички и садеа садници со зимзелени и листопадни дрвја.

Учениците, вработените и директорот на училиштето „Дрита“се покажаа како одлични домаќини. Тие, на крајот на заедничката дружба ги прошетаа гостите од Кавадарци до кањонот Матка и заеднички уживаа во природните убавини.

насловна 1 2 3