Sunday, July 25, 2021

Ученици од гостиварско Чајла ги изучуваа вредностите на мултикултурализмот

Петнаесетина ученици од 9-то одделение од основното училиште „Чајла“, од истоименото населено место близу Гостивар, учествуваа на час по запознавање со поимот мултикултра и со главните особености на едно мултикултурно општество.

Часот започна со игра за запознавање, во која секој ученик се претставуваше себеси на јазик по сопствен избор, а во училницата можеа да се чујат зборови и поздрави на различни јазици –  здраво, тунг, хелоу, ѓунајдин…

DSC08432

По воведната игра, учениците продолжија да дискутираат за тоа како го разбираат поимот мултикултура, кое е неговото значење и кои се карактеристиките на едно мултикултурно општество како што е Македонија. Дискусијата финализираше со заклучок дека во секое мултикултурно општество е неопходна меѓусебна соработка, а ја потенцираа и важноста на меѓусебното почитување на различните култури.

DSC08466

DSC08437

Во продолжение, основците споделуваа лични примери на другарства кои ги негуваат со ученици од друга етничка група, при што не пропуштија да напоменат дека сите тие имаат многу сличности кои ги поврзуваат, како што се спортот, музиката, уметноста итн.

DSC08452

За време на најинтересната активност, учениците пишуваа кратки состави на тема ,,Јас и моите нови другари – ние сме слични и различни”, при што раскажуваа за замислено патување низ Македонија, на кое се запознале и спријателиле со нивни соученици кои зборуваат на јазик различен од нивниот.

DSC08475 DSC08480 DSC08486