Sunday, July 25, 2021

Ученици и родители од Велес рамо до рамо бојадисуваа летна училница и изработуваа витраж

Триесеттина ученици, родители и наставници од партнерските основни училишта „Рајко Жинзифов“ и „Благој Криков“ од Велес, заеднички бојадисуваа Еко-летна училница и изработуваа витраж „Весели прозорци“. Работните активности се реализираа во втората половина на септември, во училиштето „Рајко Жинзифов“, во село Оризари, велешко, со поддршка од грант-програмата на ПМИО за родителско вклучување во активностите за меѓуетничка интеграција во образованието.

Обновата на Еко-летната училница се состоеше од заштита и бојадисување на железната и дрвената конструкција на објектот. Најпрвин, конструкцијата беше премачкана со боја  за заштита од корозија, а потоа и со лак-боја за посебен сјај.

1-001

Како дел од втората активност, родителите, учениците и наставниците од партнерските училишта изработуваа витраж „Весели прозорци“. Распоредени во тимови, тие цртаа, боеја и креираа прекрасни ликовни дела од цветови и инсекти на училишните прозори.

8-001 7-001

Во текот на работата, тимовите меѓусебно си помагаа и разменуваа идеи од областа на ликовната уметност, и во ниту еден момент не зборавија да се дружат и забавуваат.