Wednesday, August 4, 2021

Ученици дебатираат – со младински иницијативи до интеграција

DSC03102„Младински иницијативи, пример за соработка, интеграција и доверба“ беше тема на дебатата на средношколците која се одржи на 17 јуни, 2015 година, во Гостивар. Ученици од средните училишта во Тетово и Гостивар дискутираа за улогата на младите и образованието во процесот на интеграција.

Говорници на дебатата беа и двајца професори од СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар Габриела Петроска и Резак Јакупи, како и новинарот Валбон Беџети. Говорниците беа ставени во позиција да размислуваат за проблемите и потребите на средношколците/младите, и воедно да дискутираат за начини на здружување, споделување на успешни приказни со фокус на заеднички проблеми кои водат кон заеднички решенија.

DSC03122Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во партнерство со Младинскиот образовен форум формираше 18 дебатни клубови во средните училишта низ цела Македонија, каде што 600 ученици редовно ги унапредуваат нивните ораторски вештини, учат техники за дебатирање и аргументирано изразување. До сега, се организираа 19 јавни дебати, во кои учествуваа над 1600 ученици.