Sunday, July 25, 2021

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ во Битола, организираше дводневна работилница за ученици и наставници на тема „Стара чаршија: ризница на култури”.

23

На работилницата, која се спроведе во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, учествуваа триесетина ученици од шесто оддление и седум наставници од основните училишта „Јашар Беј Шкупи“ и „Васил Главинов“ од Скопје, и од „Св.Кирил и Методиј“ и „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.

4 5

За време на активноста, учениците, во мешани групи, ги откриваа карактеристиките кои ја одбележуваат Битола, а добиените информации им помогнаа за да ги реализираат задачите во рамките на петте креативни работилници: Туристички водич за Битола; Постер за Битола; „Power Point“ презентација за Битола; Драматизација и „Facebook“ група за Битола.

6

Сите ученици беа целосно посветени на реализација на поставените задачи. Исто така и наставниците активно учествуваа во реализацијата на активностите, особено при изработката на крајните продукти. Покрај тоа, активноста помогна во градење позитивен однос кон културното наследство и развивање на почит и доверба кон другите.