Monday, September 27, 2021

Стапи во сила Упатството со Прирачник за одржување на училишни објекти

IMG_1129Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Министерство за образование и наука/Одделение за капитални инвестиции, подготви Упатство со Прирачник за одржување на училишни објекти. Министерот го донесе Упатството со Прирачник на 09.11.2015 стапи во сила наредниот ден од неговото потпишување, односно на 10.11.2015. Упатството со Прирачник е во фаза на печатење и во рок од неколку недели ќе биде доставено во сите општини и основни и средни училишта во Република Македонија.