Saturday, October 16, 2021

Средношколци од Куманово ја истражуваа традицијата на главниот град

Учениците од кумановското средно училиште „Перо Наков“ организираа 4 работилници за запознавање и беа во посета на културно-истористите знаменитост во Скопје, како дел од заедничките активности за меѓуетничка интеграција. Активностите ги спроведоа 30-та ученици и наставници од паралелки на македонски и албански наставен јазик.

Еве што ни раскажаа одговорните наставници за посетата на главниот град:

Тргнавме организирано од пред училишниот објект. Патувањето беше интересно, децата разговараа и се дружеа.

1

Кога пристигнавме во Скопје, најпрвин ја посетивме црквата Св. Спас, која е прогласена за национално богатство и во чиј двор се наоѓа гробот на Гоце Делчев. Таму нè пречека кустос, кој нè прошета низ дворот и детално ни раскажа за историјата на црквата, кој ја изградил, од кога датираат фреските и иконите во неа и други интересни и важни информации. Откако заврши со своето излагање, учениците поставуваа прашања и беа многу заинтересирани и фасцинирани од новите работи кои што ги слушнаа и видоа.

3

Посетата продолжи во џамијата Мустафа паша која се наоѓа во непосредна близина. Во џамијата дознавме за обичаите при влегување, времето на изградба и за значењето на сето она што се наоѓа во неа. Бидејќи беше време за петочната молитва присуствувавме на истата, што беше особено интересно за учениците од македонска националност.

4

Активноста беше интересна, учениците се запознаа со обичаите на двете заедници, се дружеа, сликаа и потоа се прошетаа по Старата скопска чаршија.

5 6