Sunday, July 25, 2021

Средношколци од Велес и Скопје организираа саем за бизнис и претприемништво

Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ од Велес, во соработка со партнерското училиште „Браќа Миладиновци“ од Скопје, неодамна организираше саем за бизнис и претприемништво. На саемот беа презентирани бројни интересни содржини поврзани со националните и меѓународните образовни програми, како и содржини за меѓуетничка интеграција, за еко-храна,  за туристичка промоција на Македонија, и за неколку домашни приватни компании.

За време на саемот, ученици од двете училишта изработуваа човечко тело од хартија на која испишуваа пораки на македонски и албански јазик. Пораките го претставуваа заедничкото ткиво на нашето живеење и меѓуетничката интеграција како составен дел од нашето секојдневие.

Нивната презентација може да ја погледнете тука:

ОСУ„ ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“