Monday, October 25, 2021

Средношколците од Делчево на летно дебатно дружење

На 27 и 28 јули во Делчево, Младинскиот образовен форум одржа обука за дебата на средношколците-дебатери. Обуката, спроведена во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, беше наменета за практицирање на „World Schools“ форматот за средношколска компетитивна дебата. Учесниците со големо внимание ги проследија предавањата за аргументација, градење случај, начини и техники за анализа на теза, улогата на говорниците во тимовите, за на крај на обуката да имаат и дебата на тезата: „Формалното образование е главен фактор за интеграција кај младите.“

DSC03339„Ми беше огромна чест да соработувам со средношколците од Делчево. Среќен сум што интересот за дебата и аргументирано изразување помеѓу младите е сè поголем“ рече Дејан Ризински, дебатен тренер на обуката. Средношколците-дебатери исто така изразија огромно задоволство од кусата но интензивна и продуктивна обука за дебата. „Обуката и обучувачите беа навистина добри, и многу сум задоволен од начинот на кој тие ни го претставија новиот формат на дебатирање. Се стекнав со ново знаење за подобро дебатирање, разликата на двата формати на дебатирање, како и потеклото на дебатирање и историјата на дебатата“, вели дебатерот Антионио Пановски.

DSC03375Обуката заврши со беспрекорна симулација на дебата од страна на учесниците. Како врвни оратори и дебатери, двата тима застанаа на платформа за да ја одбранат нивната теза. Им посакуваме уште многу успешни дебати и заеднички дружења полни со забава но и нови стекнати знаења.