Sunday, July 25, 2021

Се одржа последната обука од циклусот обуки за форум театар методологија

Наставниците кои учествуваа на третата обука за форум театар методологија, која се одржа од 17 до 19 август во Скопје, одиграа многу нови улоги кои во иднина ќе придонесат за отворена и флексибилна комуникација меѓу професорите и учениците.

DSC06311

За време на обуката наставниците се најдоа во улогата на глумци, џокери и оратори со што се создаде простор за целосна анимација во која тие уживаа и истовремено ги финализираа своите знаења за форум театарот, како алатка која ќе ја користат во работата со учениците.

DSC01404

Форум театарот е алатка која ги разбива стереотипите, предрасудите и дискриминацијата и обезбедува безбеден простор каде учесниците можат слободно да ги споделат своите мислења, ставови и идеи, со што придонесува за креативно разрешување на конфликтите.

DSC06287

Наставниците учесници на циклусот обуки за форум театар методологија, применувајќи ги стекнатите вештини во рамките на своите училишта ќе организираат и презентираат форум театри во рамките на своите училишта во текот на октомври.