Wednesday, December 8, 2021

Сафет Незири од Министерството за образование – дел од групата на мали истражувачи

DSC00104 - Copy„Кој може да ми каже како се вика овој инсект?“, држејќи ја лупата насочена кон тревата, Сафет Незири, советник на Министерот за образование и наука, им се обрати на љубопитните третооделенци кои го опкружуваа. Учениците толку уживаа во нивната улога на мали истражувачи на растенијата и инсектите во училишниот двор, што не е ни изненадување што советникот Незири и наставниците со задоволство им се приклучија во истражувањето.

Како дел од партнерските активности меѓу училиштата „Панајот Гиновски“ и „Лиман Каба“, од Бутел, овие ученици, кои учат на албански и македонски наставен јазик, имаа неколку активности во училишниот двор на „Панајот Гиновски“. Наставниците од двете училишта го искористија сончевото време за да им приредат забавен ден на своите ученици, и да им овозможат, во мешани групи, заеднички да учат за професиите, домашните живнотни, инсектите и видовите растенија. Денот беше посебен, не само затоа што учениците имаа можност да научат нешто ново, туку и затоа што, преку начинот на кој се изведе активноста, на учениците им се обезбеди опуштена и весела атмосфера за комуникација, учење и соработка со нивните другарчиња од партнерското училиште.

safСоветникот Незири беше гостин и активен учесник во ова истражување на природата, со цел да се запознае подобро со заедничките ученички активности кои се одвиваат моментално меѓу училиштата од целата земја.