Sunday, July 25, 2021

Родители и ученици го разубавуваа дворот на струшкото училиште „Браќа Миладиновци“

Советот на родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга, во мај, организираше работилница, на која родителите заедно со стручните служби од училиштето, подготвија план и конкретни активности за разубавување на училишниот дворот. За неколку недели планот се реализираше во дело и училишниот двор доби нова тревната површина и рајско катче.

1 2

Дваесеттината родители, најпрвин го израмнија земјиштено, потоа засадија трева, а наскоро ќе конструираат и ограда на дворот. Истовремено, тие го исчистија влезниот дел од дворот и подготвија рајско катче, во кое ќе се засадуваат најразлични цвеќиња и растенија.

3 4 5

Дел од родителите беа ангажирани и во креативни активности со учениците. Дизајнираа брошура на тема „Сакајте  ја Струга“, во рамки на маркетинг-активностите за  промоција  на  градот. Во наредниот период, родителите ќе подготват веб-страница посветена на убавините  на  градот, Охридското  Езеро, реката  Црни  Дрим  и  туристичките локалитети. Тие ќе изработуваат флаери, мали и налепници, на македонски, албански и турски јазик, кои што ќе ги поставуваат на информативни штандови во градот.

6 7 8