Sunday, July 25, 2021

Работилница за родителско вклучување во активностите за меѓуетничка интеграција

Тимови од 9 училиштата, кои што се дел од грант-програмата за родителско вклучување во активности за меѓуетничка интеграција во образованието, учествуваа на еднодневна работилница, што се одржа кон крајот на август во Скопје.

Училишните тимови, составени од двајца родители и еден наставник, за време на работилницата ги подготвуваа концептите за завршните настани на училишно и општинско ниво.

14192528_317302195282104_3261302917819420351_n

Тие ги споделија постигнувањата и искуствата во однос на родителското учество во активностите за меѓуетничка интеграција, ги идентификуваа предизвиците во текот на активностите и дискутираа за потенцијалните начини за подобрување и унапредување на родителскиот ангажман.

Тимовите детално ги презентираа планираните завршни активности, а од обучувачите добија насоки за нивно соодветно реализирање во текот на септември.