Sunday, July 25, 2021

Работилница „Денови за меѓуетничка интеграција“

Четириесетина општински советници одговорни за образование, како и претставници од повеќејазични училишта од 6 избрани општини – Бутел, Куманово, Брвеница, Гостивар, Кичево и Струмица, учествуваа на еднодневна работилница во Скопје.

14117918_316771695335154_4506993421822227095_n

На работилницата, која се одржа кон крајот на август, учесниците се запознаа со концептот на активноста „Денови за меѓуетничка интеграција“ и се вклучија во процесот на планирање на отворени промотивни денови.

14102636_316771728668484_6274936441199596400_n

Во текот на октомври ќе се реализираат завршни настани на коишто учениците и наставниците од овие училишта ќе демонстрираат и презентираат разни активности со кои го негуваат меѓусебното пријателство и придонесуваат за развој и унапредување на меѓуетничката интеграција.