Monday, September 27, 2021

Професорите ги разоружаа своите емоции, беа и џокери и глумци на обуката за форум театар методологија во Охрид

Учесниците на третата обука за форум театар методологија, која се одржа од 19 до 21 август во Охрид, искусија нови перспективи и одиграа многу нови улоги кои во иднина треба да придонесат за унапредување на комуникацијата меѓу професорите и учениците, и справување со секојдневните предизвици.

DSC03437Процесот кој ја тестираше флексибилноста и отвореноста на професорите од неколку средни училишта, истовремено создаде простор за целосна анимација, во кој тие уживаа и се запознаа со форум театар методологијата, како алатка која ќе ја користат во работа со учениците.

Форум театарот е искуствена алатка која ги разбива стереотипите и отвора нови врати во комуникацијата и креативното разрешување на конфликтите. Самиот перформанс претставува кратка драмска сцена која обелоденува конфликт помеѓу „опресорот“ (улога во хипотетичката сцена) и уште еден лик на сцената. Публиката ја следи сцената од почеток, а по нејзиното одигрување дел од присутните добиваат шанса да излезат на сцена. Крајната цел е да се разреши конфликтот, а начинот го избира храбриот член од публиката кој излегува на сцена да му се спротивстави на „опресорот“, кој пак, ја има единствената постојана улога. Џокерот – модератор ја води комуникацијата со публиката и го балансира целокупниот процес.

DSC03470Последната обука од циклусот обуки за форум театар методологија беше најпрактичната досега. Професорите ги разоружаа своите емоции, беа и џокери и глумци, се раздвижија и физички и мисловно преку еден интензивен процес којшто го зацврсти нивното знаење и им помогна да се здобијат со вештини кои ќе им ја олеснат работата со младите.