Sunday, October 17, 2021

Пријателството меѓу основците од Гостивар и Кавадарци продолжува

4Како дел од долгогодишно партнерство, основите училишта „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар продолжуваат со заедничките средби.

Неодамна, учениците од Кавадарци ги посетија своите пријатели од Гостивар, каде што реализираа неколку заеднички активности. Покрај заедничкиот настап на хоровите од двете училишта, кои пееја турски и македонски песни, учениците во мешани екипи одиграа пријателски натпревари во кошарка и фудбал.

За време на работилницата по географија, учениците ја изучуваа вселената и сончевиот систем, а дружењето беше заокружено со заеднички излет на изворот на реката Вардар, Вруток.

Двете училишта веќе подолго време успешно соработуваат, реализирајќи голем број на заеднички активности, а дел од нив може да ги погледнете на веб-страницата на ПМИО, на овој линк.