Tuesday, September 28, 2021

Преку спорт до пријателства кои траат

Учениците од ОУ „Наум Наумовски Борче“и ОУ „25 Мај“ од општина од Гази Баба, кои преку програмата за мали грантови на ПМИО, реализираа неколку заеднички активности во текот на оваа учебна година, на 28 мај имаа заеднички завршен настан. Како што не известија координаторите на тимовите за училишна интеграција од двете училишта, ова беше нивна трета средба.

“Децата со нетрпение ја очекуваа оваа средба и постојано не прашуваа кога повторно ќе се сретнат со нивните другарчиња од ОУ „25 Мај““, вели Лилјана Стефановска, координаторката на тимот од ОУ „Наум Наумоски Борче“.

2 - k2“Happiness”, “Flower”, “West Ham” и “Sabadell” беа тимовите, кои ни посакаа топло добредојде во спортската сала “Маџари”. Вкупно 40 ученици од двете училишта, во мешан состав, учествуваа на заеднички спортски натпревари во фудбал и одбојка. Возбудата и нетрпението да се почне со спортската дружба беа забележливи кај учениците од двете училишта. Сите деца на почетокот добија маички, на кои ги пишуваше имињата на тимовите кои ги избрале самите . Набрзина се поделија во групи и секој си го зазеде својот простор. “Happiness” и “Flowers”, беа екипи во чии рамки девојчињата се дружеа преку одбојка. За миг салата се исполни со ученици и наставници, дојдени да ги бодрат екипите. Од веселото навивање ечеше целата сала Ваква глетка затекнавме и на спортскиот терен во дворот на училиштето, каде си ги одмеруваа вештините екипите на “West Ham” и “Sabadell”.

1 - k2Крајот на натпреварите не значеше и крај на дружбата. Следуваше мала закуска и освежување, а на разговорите им немаше крај. На заминување, учениците ни кажаа дека остануваат помалку тажни затоа што оваа денешна дружба заврши, но истовремено се полни со желба за повторна средба, за која се надеваат дека ќе се случи во најскоро време.Несомнено може да се заклучи, дека спортот е еден од најдобрите начини за интеграција и заедничко дружење помеѓу децата.