Sunday, July 25, 2021

Првиот ден во училиште

Нова година, доаѓање на пролетта, крај на учебната година, родендени на различни луѓе во различни денови. Многу нови почетоци има во една единствена година. Но, кога се работи за ученици, нема поголем и поважен почеток од првиот училиштен ден, особено кога тоа е првиот ден во училиште воопшто и се однесува на првачињата. Тоа е ден кој нестрпливо се чека, трае кратко, но се памти цел живот, па така, исклучително е важно какво значење ќе му даде училиштето и што ќе направи во врска со тоа.

DSC_0020 DSC_0015

Основното училиштето Братство Единство од Охрид, тоа многу добро го знае, па така и оваа година ги пречека првачињата со приредба на која дечињата заедно играа, пееја и рецитираа на сите наставни јазици, упатувајќи јасна порака дека училиштето е место каде сите различности се сплотуваат и функционираат како едно. А ако денот по утрото се познава тие дечиња уште долго, за целото нивно школување ќе продолжат заедно да учат, не само за буквите и бројките, туку и за нив самите и тоа што нив ги прави посебни –  заедништвото и соработката.

DSC_0023 DSC_0018

Добронидојдовте првачиња!