Monday, December 6, 2021

Повеќегодишно партнерство раскажано низ фотографии

Учениците од скопските основни училишта „Вера Циривири Трена“ и „Братство“, веќе трета година по ред го градат и развиваат меѓусебното пријателство, преку реализација на бројни заеднички активности. Приказната што ја создадоа овие млади креативци е навистина богата и разновидна. Тие досега организираа заеднички прослави, еколошки акции, спортски натпревари, а засадија и зеленчукова градина.

Инспирирани од сето она што го направија до сега, наставниците и учениците од двете училишта подготвија фото-билтен како ретроспектива на заедничкиот труд и другарувањето кое се уште трае.
Погледнете ги најинтересните моменти од тригодишното партнерство на овие две училишта, раскажани низ објективот на наставниците-ментори:

Bilten MK