Monday, September 27, 2021

ПМИО финалист на фото конкурсот на УСАИД за граѓанско-воена соработка во категоријата “Мир и безбедност”

Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Канцеларијата за воена соработка при амбасадата на САД) финансиски го поддржа подобрувањето на условите за учење во Македонија преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО).

Еден сончев пролетен ден, преку спорт и забавни активности, ученици, наставници, родители, локални заедници и претставници од УСАИД и Министерството за одбрана на САД ги прославија достигнувањата во унапредувањето на меѓуетничката интеграција и соработка. Овие млади девојки и момчиња го ценеа секој момент од оваа прослава и направените заеднички фотографии се дел од нивната животна приказна.

Извор на фотографијата: Фотографијата е од архивата на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и е направена во 2015 во основното училиште ,,Братство Единство”, општина Охрид.

Фотографијата ќе биде објавена и прикажана за време на Настанот на УСАИД за Месец на благодарност на националната војска на 16 мај, при што ќе се обратат Администратор Гејл Смит, како и Асистент администратор Том Стаал.