Sunday, July 25, 2021

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од циклусот креативни работилници во кои тие учествуваа изминатите 6 месеци.

1 2

Повеќе од 100 ученици, наставници, родители и претставници од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, ја проследија извонредната изведба на претставата „Партија шах“, која е дело на дваесетина ученици од повеќе етнички заедници.

3 4

Наставниците што го водеа овој процес, Маја Перовска и Бурим Даути, како и дел од учесниците во претставата, со публиката ги споделија своите искуства, предизвиците од целокупниот процес и начините на кои тие може да влијаат врз нивните другари, соседи, семејства и заедници во иднина.

5

По завршувањето на претставата, публиката ги награди младите актери со громогласен аплауз, со што уште еднаш се докажа дека креативните работилници се успешна алатка за меѓуетничка интеграција во образованието, а уметноста универзален јазик за учениците.