Wednesday, July 28, 2021

Охриѓанката Арифа Малоска од „Братство Единство“ прогласена за најдобра ораторка!

Serdarot_155_4853На 25 март 2015 година, се одржаа финалните Ораторски средби. Повод – одбележувањето на 155 години од доделувањето на ловоровиот венец за поемата „Сердарот“ на Григор Прличев. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) се вклучи во настанот преку учество на тројца ученици од ОУ „Братство Единство“ од општина Охрид. Учениците читаа извадоци од Автобиографијата на Григор Прличев на македонски, албански и турски јазик. Публиката беше воодушевена, особено правнуката на Григор Прличев, г-ѓа Олга Прличева, која на одбележувањето на овој настан допатува специјално од Република Бугарија. Во нејзиното обраќање, освен зборови од необјавени дела на Прличев, Прличева упати порака и до најмладите – за нивното поведение и однос што треба да го  имаат кон своите најблиски и кон другите луѓе, за нивно целосно реализирање како личности корисни за себе и за пошироката зедница – со што, уште еднаш, се потврди универзалноста на творештвото на Прличев.

Serdarot_155_48511Во конкуренција од тројца финалисти, од ОУ „Григор Прличев“, од ОУ „Христо Узунов“ и од ОУ „Братство Единство“, победник на финалето на ораторските средби беше Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“ од Охрид, кое е едно од модел училиштата во рамки на ПМИО. За победата, г-ѓа Олга Прличева му врачи подарок копија од необјавеното дело на Григор Прличев, на директорот на ОУ „Братство Единство“, Муарем Доко.