Friday, July 30, 2021

Охридското модел училиште „Братство Единство“ во ново руво

DSC01736На 29 април 2015, едно од шесте модел училишта во рамки на ПМИО, ОУ „Братство Единство“ од Охрид, го одбележа реновирањето со свечен настан, на кој присуствуваа високи претставници од ЕУКОМ и УСАИД. Реновираните прозорци, врати и подови во ова училиште се само еден поттик повеќе – за да се продолжи уште поинтензивно со големиот број на заеднички активности со ученици од трите наставни јазици.

DSC01782По свечениот чин на сечење лента, присутните имаа можност да проследат неколку заеднички активности – работилница за усвојување јазик со првоодделенците, работилница за обичаите и традициите на различните етнички заедници, како и спортски натпревари на секцијата за пинг-понг и бадминтон.

DSC01827И времето тој ден беше на страна на учениците, па така, сите се упатија кон дворот на училиштето каде се одвиваа игри на бетонска подлога. Претставникот на ЕУКОМ не ѝ одолеа на веселата атмосфера, па и тој самиот се приклучи во забавните игри. Енергијата и сплотеноста на учениците од различни наставни јазици на настанот покажаа дека ова основно училиште ќе продолжи да претставува пример за сите училишта во земјата за интегрирано образование.