Sunday, July 25, 2021

Основци од Центар Жупа изработија прирачник за лековити билки

Ученици од партнерските основни училишта „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Неџати Зекирија“ од Центар Жупа, изработуваа прирачник за лековити растенија и хранливи печурки кои растат во нивниот крај. Под будното око на наставниците-ментори, ученици од седмо, осмо и деветто одделение, распоредени во групи, внимателно ја истражуваа и опишуваа секоја билка на својот мајчин јазик – македонски, албански и турски.

Активноста се реализираше преку програмата за мали грантови во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. На фотографиите во продолжение може да погледнете каква беше атмосферата за време на заедничката работа на младите билкари од Центар Жупа.