Tuesday, September 28, 2021

Основци од Скопје на дружба со врсниците од Гостивар

Четирисетина ученици и наставници од гостиварското основно училиште „Фаик Коница“ и од „Партенија Зографски“ од Скопје, реализираа неколку заеднички активности за време на средбата што се одржа во село Дебреште, Гостивар.

4

Заедничката средба учениците ја искористија за да ги вежбаат техниките на печатење, преку изработка на линорез и печатење со боја. Исто така, тие подготвија и неколку цртежи на различни теми.

За време на работилниците, учениците меѓусебно се договараа за работата, се надополнуваа, непречено комуницираа и соработуваа со наставниците ментори.

По успешно завршените задачи, учениците и наставниците ја продолжија дружбата во дворот на училиштето „Фаик Коница“, каде што разменија искуства и импресии за реализираните активности и се договараа за следната средба.

3 2