Saturday, October 16, 2021

Основци од Лажани и Дебреште ги истражуваат културните споменици и традиции во родниот крај

Наставници и ученици од партнерските основни училишта „Мирче  Ацев“ од Лажани и „Вера Циривири – Трена“ од Дебреште, изработуваа брошури и плакати за културно историските споменици и рецитираа песни од Блаже Конески, за време на заедничките активности што се организираа на почетокот на мај во Лажани.

Креативната работа беше надополнета со заедничко истражување на родниот крај и посета на значајни објекти и обележја, како што се Нова џамија во с. Дебреште, манастирот  Св. Јован во с. Небрегово, како и спомен куќите на Пеце Атанасоски и Блаже Конески.

2 3 4