Sunday, July 25, 2021

Основци од Крушево организираа излет на локалното езеро и ги учеа техниките за спортски риболов

Дваесеттина ученици од основите училишта „Никола Карев“ од Крушево и подрачното училиште од Норово, придружувани од неколку родители и членови на училишните тимови за интеграција, учествуваа на еднодневен пикник на Крушевското езеро, каде што го разгледуваа растителниот свет, учеа за рибниот фонд на езерото, ги вежбаа основните техники за спортски риболов и се рекреираа.

20160710_110553

Здружени од претходните заеднички активности, учениците и родителите го искористија прекрасниот ден за дружба и за поставување на основите на секцијата на млади риболовци во училиштето. Родителите кои важат за искусни рибари, ги подучуваа учениците како да ги држат трските, како да ги поставуваат тапите на јадица и како да повлечат со трската, додека, останатите родители подготвуваа ужинка и освежување за децата.

20160710_110543

Во продолжение на пикникот, ученици, родители и наставници, поделени во етнички мешани групи, се рекреираа на спортските терени во близина на езерото, а на крајот се упатија на заедничка прошетка. За време на излетот учениците меѓусебно соработуваа и развиваа пријателски однос и почит кон различните мислење и ставови.