Tuesday, September 28, 2021

Основците од прилепското Мало Коњари организираа заеднички активности со врсниците од крушевските основни училишта

Литературно читање, интерактивен квиз, натпревар во фудбал, изработка на честитки и многу дружење за време на заедничката средба на учениците од партнер училиштата  „Страшо Пинџур“ од село Мало Коњари, Прилеп и „Никола Карев“ од Крушево, заедно со подрачните училишта од Норово и Саждево.

0

Средбата се организираше по повод патрониот празник на училиштето „Страшо Пинџур“, а на неа учествуваа стотина ученици од партнерските училишта, наставници и родители, кои будно ги следеа активностите на децата.

5

За одличната атмосфера, меѓусебната соработка и дружење сведочат фотографиите на наставниците.

4 1