Sunday, October 17, 2021

Основците и родителите од Струга ги славеа убавините на својот град и изграденото пријателство

15 родители на основците од училиштето „Браќа Миладиновци” од Струга придружени од учениците ги истакнаа убавините на градот за време на промотивниот настан „Сакајте  ја Струга“ што се одржа во средината на јули во центарот на градот.

DSC01432

На овој несекојдневен настан тие поставија информативен штанд со заеднички изготвени промотивни материјали за убавините на градот на трите наставни јазици – македонски, албански и турски.

DSC01436 DSC01438

Фотографиите и текстовите за Охридското Езеро, Црн Дрим и останатите прекрасни туристички локалитети кои ги создадоа преку интензивна соработка во изминатиот период се најдоа и на изработените налепници и флаери кои учениците ги налепија на значајните места во градот, но и ги делеа на граѓаните и минувачите во градот.

DSC01439