Sunday, July 25, 2021

Од модел училиште до модел општина

Девет училишта од општина Кичево, во четири различни групи, со околу 100 ученици, 20 наставници и родители од сите етнички групи, во изминатите три недели интензивно се дружеа, другаруваа, соработуваа, создаваа нешто ново и што е најважно стекнаа нови пријателства.

14639841_10205353336272605_7822141711608006703_n

Во текот на септември и на почетокот на октомври, основното модел училиште Санде Штерјоски од Кичево беше домаќин на осум други училишта од општината со кои заедничкии научија како да користат употребени материјали и од нив да направат мали уметнички дела, но и практични алатки. Освен заедничката работа, тие го истражуваа значењето на градското Кале – некогаш и сега, се забавуваа за време на малите олимписки игри и се запознаваа со традиционални јадења на различните етнички заедници, преку подготовка на вкусни оброци.

14724593_10205353302551762_2449357205084961444_n

Учениците и наставниците, на 10 октомври организираа завршниот настан на кој ги претставија реализираните активности. За време на настанот, пошироката градска јавност, родителите, наставниците, директорите на училиштата и претставниците на институциите ги „дегустираа“ вкусовите на традицијата и се запознаа со сето она што го работеа младите кичевчани изминатиот период.

14608895_1738508109731690_1757443379338731318_o

На крајот на настанот, учесниците заклучија дека ако училиштето Санде Штерјоски во изминатите четири години служеше како модел училиште за градење на интегрирано образование, сега и самата општина со полно право може да послужи како модел општина за интегрирано образование.