Sunday, July 25, 2021

Образаовниот процес збогатен со нов прирачник за спортски и забавни активности за интеграција на децата и младите

Пoвеќе од 500 ученици, наставници, родители и случајни минувачи беа дел од забавниот настан, што се одржа на 8 октомври во Градскиот парк во Скопје, по повод промоцијата на Прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“.

Настанот кој се организираше под мотото “Sport and Fun for Everyone”, изобилуваше со богата образовна и рекреативна програма. Учениците практично ги демонстрираа спортски активности и забавни игри од Прирачникот, а пак, бројните посетители учествуваа во нив.

Главна цел на Прирачникот е на основните училишта да им се понуди разновидни спортски активности и забавни игри кои што придонесуваат за подобрување на меѓуетничката интеграција меѓу учениците со различно етничко потекло.

Тргнувајќи од потребата за подигање на свесноста и разбирањето за важноста на меѓуетничката интеграција во образованието, со примената на ваквиот забавен концепт, Прирачникот ќе придонесе во иднина да се реализираат заеднички спортски активности и забавни игри преку кои децата и младите најлесно и најбрзо се запознаваат и спријателуваат.

Прирачникот може да го преземете тука.

dsc_0002 dsc_0020 dsc_0041 dsc_0043 dsc_0058 dsc_0068 dsc_0268 dsc_0383 dsc_0558 dsc_0651 dsc_0783 dsc_0878