Monday, September 27, 2021

Научивме повеќе за културата и традицијата

Првпат влеговме во верски објект од друга култура и дознавме дека историјата на верите е слична и дека црквата и џамијата имаат многу заеднички нешта. Светите книги содржат приказни за исти луѓе и настани. Преку нив ни упатуваат повеќе морални лекции, животни упатства кои имаат вечна и незаменлива вредност, односно не учат како треба да живееме и каков живот да водиме. Тоа што посетуваме различни храмови не е причина да не се дружиме. Треба да се почитуваат и другите вери.

DSCN2744

Ова се заклучоците што ги наведоа учениците од кумановските партнер училиштата „Кочо Рацин“ и „Наим Фрашери“, за време на работилницата за изработка на паноа, инспирирани од посетата на културно-историски  знаменитости во Скопје.

DSCN2768

Во текот на работата во мешани групи сите беа активни, соработуваа и се надополнуваа во претставувањето на најважните работи за посетените локалитети.

Во пријатна и ведра атмосфера, се потсетија на дружењето и прекрасно поминатиот ден, но и за новите работи што ги дознаа. Се потсетија и на хуманитарните дела и пораките на љубов и добрина кои ги упатуваше Мајка Тереза на светот.

12140794_10206074940287778_3524639038012206614_n

Се разделија со желба повторно да се сретнат и дружат на повеќедневна екскурзија, за да дознаат уште повеќе едни за други.