Saturday, October 16, 2021

Наставници од новоизбрани 5 училишта ги изучуваа вештините за креативно работење со учениците

Учесниците на обуката за креативни работилници, која се одржа при крајот на февруари во Скопје, во соработка со Центарот за изведувачки уметности – Мултимедија, изучуваа и практикуваа нови, поинакви методи на работа – стекнување на искуства и знаења за проблемите и решавање на истите низ креативни процеси.

2009-04-07 09.40.33(1)Преку игра и глума, тие осознаа нови начини за запознавање, истовремено употребувајќи различни креативни техники за справување со стереотипите и предрасудите во општеството.

Учесниците на обуката научија како да се распознае и реши конфликт на креативен начин, што е особена важно со оглед на фактот дека тие во иднина ќе го применуваат и споделуваат стекнатото знаење и вештини при работењето со учениците.

Самиот процес, под менторство на експерти од областа на креативното работење, ја стимулираше отвореноста и флексибилноста на наставниците од 5 нови училишта во кои ќе се одвиваат креативни работилници, со цел да им се овозможи алатка која ќе ја користат во наставата.2009-04-06 08.03.18