Sunday, July 25, 2021

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето во одбојкарската лига, под менторство на нивните наставници по спорт и спортско образование.

Одбојкарската лига се игра под мотото „Chapmions Play as One”, бидејќи сите тимови се составени од одбојкарки од мешан етнички состав и од различни училишта. Натпреварувањето го организира Центарот за балканска соработка „Љоја“, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со сите училишта од градот.

14642923_10206539535721425_495014758_n 14699970_10206539535761426_920828928_n

Лигата започна на 14-ти октомври 2016, со натпревари кои се одигруваат во неколку кола, а финалето е предвидено да биде на крајот на месецот, во некоја од училишните спортски сали во градот. Лигата се организираше по идеја и иницијатива на самите училишта и наставникот по спортско образование од ОУ „Лирија“, Милан Ристовски, кој ја оствари соработката со сите останати наставници вклучени во лигата. Тие сметаат дека на учениците треба да им се нудат повеќе спортски активности во кои ќе се дружат со ученици од други училишта и од други етнички заедници. Спортот е за сите, а шампионите играат како едно, велат наставниците.

14699797_10206541828738749_2679271_n

Карактеристично за оваа лига е тоа што тимовите се повеќејазични, етнички измешани и одбојкарките може да се дружат интензивно за време на натпреварите и подготовките –  при што, покрај развојот на спортскиот дух, се поттикнува меѓусебната комуникација, дружењето и соработката, како кај учениците, така и кај наставниците.

image-0-02-05-7b69c6fd2945f6b98bc7c483f8f55c2f7561e644db978aa7083ac1195506df33-v image-0-02-05-27fa300941907d350dcf06ba616a78fef920642f882d5dfcc19bdeb180e688b2-v

Интересно е да се напомене дека училиштата настапуваат и со заеднички мешани тимови. Па така, во лигата се натпреваруваат во еден тим ученици од ОУ „Лирија“ заедно со ученици од ОУ „Кирил и Методиј“. Учениците од  ОУ „Гоце Делчев“ настапуваат во еден тим заедно со другарчињата од ОУ „Наим Фрашери“, додека, пак, ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“ е во тим со ученици од ОУ „Истикбал“. Најбројното основно училиште од Тетово „Братство – Миѓени“ настапува со свој тим, поради бројноста и големиот број на талентирани одбојкарки кои ги има.

Дека одбојката не случајно е омилениот спорт во Тетово покажаа до сега одиграните  натпревари, на кои можеше да се почувствува прекрасна атмосфера, фер-игра и одличната забава. И навистина, шампионите играат одбојка како едно, како што велат во мотото – а ние со нетрпение го очекуваме финалето и крајните резултати.