Sunday, July 25, 2021

Летен ученички камп на Пелистер

При крајот на август, триесеттина ученици и 8 наставници од вкупно 6 училишта, учествуваа на четиридневен ученичкиот камп, што се одржа во хотел Молика, Пелистер.

За време на кампот учениците соработуваат во етнички мешани групи, преку реализацијата на креативни и фотографски работилници, игри за тимска соработка, како и бројни спортски и забавни активности.

На кампот активно учествуваа и наставниците, преку посебни работилници дизајнирани за нив.

Погледнете дел од атмосферата на кампот: