Tuesday, October 26, 2021

Oсновци изработуваа честитки по повод Денот на жената

Џагор, смеа и атмосфера на меѓусебна соработка и дружење, затекнавме во училницата во основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово. 20-на петтоодделенци од ова училиште, заедно со исто толку другарчиња од партнерското училиште „Наим Фрашери“ од Куманово, изработуваа честитки и декорации по повод Денот на жената, 8-ми Март.

DSC01313Не поздравија на кратко и веднаш продолжија со својата работа. Брзаа да ги завршат декорациите, обземени од желбата секој да направи што е можно поубава декорација.

 

„Уште за време на првата средба децата веднаш се зближија. Ова е нивна втора средба, сега другарувањето продолжува во нашето училиште“ – ни изјави Лидија Пешевска, директорка на ОУ „Кочо Рацин“.

Ниту наставниците од двете училишта не ја криеја возбудата од средбата и активностите. Веќе се беше организирано и испланирано, изработените честитки и украси, учениците заедно со своите наставници ќе им ги подарат на припадничките од понежниот пол, штитенички во Домот за стари лица, „Зафир Сајто“ од Куманово.

DSC01291Додека малите „креативци“ беа на заслужената пауза, ние тргнавме на кратка прошетка, заедно со наставниците да го разгледаме нивното „ПМИО Сокаче“, за кое ни раскажуваа за време на работилницата. Во посебен дел од училиштето, постои место на кое се изложуваат продуктите од сите досегашни активности на овие две партнерски училишта. Фотографии од заеднички настапи на играорци, активности во рамки на спортските секции и ликовни работилници, се само дел од работите кои можеа да се забележат во сокачето. Додека, отпечатоците од дланките на учениците кои биле дел од овие активности, ги красеа ѕидовите и сведочеа за заедничката дружба и времето поминато заедно.

3„Ова катче е на почеток на изработка, планираме да го збогатиме со уште продукти кои ќе бидат подготвени од учениците од две училишта. Училиштата веќе имаат и своја химна – Пријателството не познава граници“ – вели Горан Арсовски , наставник по информатика во „Кочо Рацин“.

На заминување им посакавме успешната соработка да продолжи и закажавме повторна средба во мај, за кога од училиштето планираат да направат промоција на креативното катче.