Sunday, July 25, 2021

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

На обуката учествуваа вкупно 44 учесници – секретари и технички персонал (хаусмајстори, котлари и хигиеничари) од 15 училишта кои се реновираат во 2016 година.

dsc02470

На обуката се споделија знаењата, искуствата и добрите практики за одржување на училишните згради, со што учесниците детално се запознаа со активностите и процедурите за одржување на училишните објекти.

story1-3

Со ваквите активности, во реновираните училиштата долгорочно ќе бидат овозможени подобри услови за престој на учениците и одвивање на наставниот процес.