Sunday, July 25, 2021

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, со цел да го поттикнат и зајакнат дружењето, соработката и потребата од заедништво помеѓу учениците од албанска и македонска етничка заедница. Ова  се случуваше за време на заедничкиот настан,  што го организираа основните училишта Кузман Јосифовски – Питу и Лиман Каба, на 10 ноември. 60-на ученици од двете училишта го споија ентузијазмот, мотивацијата и креативноста во заедничката работа и неизмерна дружба.

1-001

Сè започна со неколку средби на наставници од двете училишта, за да оваа возбудлива приказна заврши со планирање на шест различни содржини, со учество на 12 наставници, двајца стручни соработници и со целосната поддршка од раководните лица на училиштата и општината.

2-001

Учениците од 3-те одделенија подготвија патека од бои, во која излезот и влезот е преку математички форми, а разбирањето преку соработка на двата јазика.

Декорацијата во домовите, како и во верските објекти, преку заеднички или различни елементи на богатото народно творештво, учениците од шесто одделенија ја осознаваа преку предметот ликовно образование. 12 ученици имаа визија за заеднички килим со елементи од традиционалното и модерното време.

3-001

Мешани групи ученици од 7-те одделенија, на теренот на спортското игралиште, уживаа во игри за загревање, како и во спортски игровни активности. На ученици им се придружија и нивните другарчиња со оштетен слух и говор.

4-001

Украси, обележја. Какви се обичаите за Курбан Бајрам и Велигден? Ученици од 9-те одделенија, разменуваа искуства, пребаруваа информации и разменуваа искуства преку текстови и раскажување на обичаите во нивните  домови.

5-001

Песните и трпезата за време на верските празнувања во домовите беше тема во музичката работилница. Заедничката композиција за Рамазан Бајрам и Божиќ прозвучи на двата јазика во нов аранжман на компилациско ЦД.

6-001

Исто така, деветто одделенците учествуваа во работилница за почитување на говорот и ефективната комуникација преку пораки и демонстрација. Активната работа ја завршија со потсетник на културни зборови и пораки.

Учениците преку презентирање на своите продукти освен за содржината, ги искажаа своите задоволства од дружењето, како и од начинот на кој ја покажаа својата креативност, флуентност и оригиналност.

7-001

Вистинското дружење и учење се случува кога е добро планирано, добро водено и кога  постои желба за постигнување и реализирање на поставените цели. Во такви намери за поттикнување на заедничко учење и соработка беа остварени планираните заеднички активности помеѓу училиштата Лиман Каба и Кузман Јосифовски – Питу. Нашата приказна не завршува тука…