Monday, September 27, 2021

Интеракција и соработка преку креативни работилници

Наставниците кои беа обучени за водење на креативни работилници и кои со нетрпение чекаа да започнат со работа, конечно добија шанса практично да ги применат стекнатите вештини и знаење.

Во изминатиот период, тие започнаа со изведување на креативните работилници во петте избрани училишта во Гевгелија, Крушево, Радовиш, Свети Николе и Тетово.

Заедно со нашата партнер организација ЦИУ „Мултимедиа“, присуствуваме на првите работилници каде што го проследивме меѓусебното запознавање на учениците од различни родови, социјални и етнички групи, и ги слушнавме нивните првичните впечатоци.

DSC05920

Во текот на работилниците, иако учениците преку тимска работа се натпреваруваа и имаа различни приоди и ставови кон решенијата кои што требаше да ги креираат, за едно нешто сите беа согласни – Дојдовме во училницата со голем прашалник, но, си заминавме со уште поголема насмевка!

За време на процесот кој ќе трае подолг период, учениците ќе имаат можност креативно да работат и да творат под менторство на своите наставници, по што ќе следи презентација на финалните продукти кои ќе произлезат од тој процес.