Wednesday, July 28, 2021

Избрани најдобрите мултимедијални продукти од средношколскиот конкурс „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

Стручно жири, составено од искусни новинари, обучувачи и претставници на партнерските организации на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, ги избра трите најдобри мултимедијални стории од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“, што го организираше ПМИО во соработка со Македонскиот институт за медиуми.

На конкурсот учествуваа 34 средни училишта од земјата, со вкупно 57 мултимедијални продукти, кои доловуваат различни аспекти на училишните активности посветени на меѓуетничка интеграција во образованието.

Жири – комисијата ги вреднуваше сториите според релевантноста на темата, нејзината оригиналност, квалитетот на реализација на продуктот, пораката што ја испраќа и бројот на ученици и наставници вклучени во активноста и во самиот производ.

На свеченото доделување на наградите, кое ќе се одржи кон почеток на мај, освен наградите, ќе се доделат и 5 пофалници за сториите кои влегоа во потесен избор. Останатите учесници на конкурсот ќе добијат признание за демонстриран ангажман во унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието.