Tuesday, September 28, 2021

Започна со активности првото креативно катче на ПМИО

12268919_10153670751586061_506471723_oКабинетот по ликовно во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид се претвори во вистинска работилница за накит. Училишните клупи беа преплавени со монистри во секакви големини, сатенски траки, конци, ножици и ред други материјали, а околу нив, вредни и креативни раце на учениците, спремни да изработат накит по свој вкус.

Ваква беше атмосферата на воведната работилница во креативното катче на охридската гимназија, што се одржа кон средината на октомври, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Гимназијата „Св. Климент Охридски“ е едно од седумте училишта во Македонија, во кои ПМИО ќе обезбеди опрема за спроведување на разновидни креативни активности.

12255248_10153670751436061_1943363653_oПознатата дизајнерка на накит, Јана Ацевска во улога на гостин на работилницата во Охрид, на учениците им ги пренесе основните техники за рачна изработка на накит.

Учениците и понатаму ќе продолжат да работат во креативното катчето, од кое, се надеваме дека ќе произлезат голем број познати дизајнери на рачно изработен накит.