Saturday, October 16, 2021

Заеднички засадивме украсни садници

Основците од  училиштата ,,Кочо Рацин” и ,,Наим Фрашери” учествуваа во заедничка креативна работилница по повод „Денот на Екологијата“. Тие изработуваа пролетни шари, украсуваа саксии и засадуваа садници.

На првата работилница, во мешани парови, учениците декорираа саксии со помош на хамери, самолеплива хартија, фломастери, ножички и шаблони за сечење на хартија. Истовремено, тие напишаа двојазични упатства за тоа како треба да се чуваат и одгледуваат украсните садници  кои треба да бидат засадени во декорираните саксии.

На втората работилница, секој мешан пар ја засади својата садница во веќе декорираните саксии. За секоја декорирана саксија беше обезбедена садница, кеса со хумус, обична земја и упатство на двата јазика, кое со декоративна лента беше закачено за секое стебленце од украсните садници. Учениците работеа и разменуваа идеи, следејќи ги корисните совети од наставниците.

Како завршна активност на работилницата, секој учесник стави свој отпечаток од рака со темперна боја на заедничкото пано во „ПМИО Сокаче“ во училиштето „Кочо Рацин.

DSCN6546_800x600 DSCN6454_800x600 DSCN6542_800x600