Sunday, July 25, 2021

„Забранета“ љубов на сцената на форум театарот во средното училиште „Орде Чопела“

Повеќе од 70 ученици и наставници од прилепското средно училиште „Орде Чопела” го проследија забавниот форум театар, организиран во рамките на креативниот корнер во училиштето, во соработка со Центарот за изведувачки уметности „Мултимедиа“ – партнерската организација во Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

1

Младите актери кои беа „џокерирани“ од страна на претходно обучените професори кои го водат креативниот корнер, поставија сцена со интересна тема – “забранета” љубов помеѓу две личности од различна националност.

2

Со оглед на тоа што форум театарот е алатка која овозможува активна вклученост од страна на публиката, присутните постојано ги споделуваа своите мислења, ставови и идеи, комуницираа, соработуваа и изнаоѓаа потенцијални решенија, со што постепено се разбиваа предрасудите и стереотипите.

3

Средношколците успеаја уште еднаш да потврдат и да ни порачаат дека различната етничка припадност воопшто не е пречка за да се негува комуникација, пријателство и љубов помеѓу луѓето.

4