Monday, October 25, 2021

Дружбата на учениците од Кисела Вода и Чаир – спој на традиционалното и модерното

Ниту пролетниот дожд не ја намали возбудата од заедничкото другарување кај учениците од различни возрасти од скопските основни училишта„Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода„ 7 Марси“ од Чаир, што се одржа на 29 април 2015 година.

1Со волшебните зборови од творбите на писателите Горјан Петревски и Фејзи Бојку, започна културно – уметничката средба на македонските и албанските ученици од VIII и IX одделение. „Различните јазици со иста моќ низ креативноста на пишаниот збор“ беше тема за разговор, при што учениците дебатираа за творештвото на писателите чии дела се читаа, за моќта на книгата, за преведувањето на делата, а дел од присутните ученици зборуваа и за своите таленти од областа на литературата, музиката, спортот, и ги презентираа своите признанија и награди.

Маските што беа создадени во уметничката работилница „Забава под маски – јазикот не е бариера“ беа можност повеќето идеи да бидат сплотени во едно заедничко дело, одраз на креативниот детски дух на учениците од VI и VII одделение.

Учениците, пак, од IV и V одделение, создадоа вкусна и разновидна меѓуетничка кујна, преку која се испреплетуваа мирисите на различностите, но и на сличностите. Изработувајќи макала и ситни слатки, децата го сплотија традиционалното со модерното готвење.

Заедно работеа и најмалите ученици. Нивната средба прерасна во прекрасна етно – работилница, на која се изработуваа предмети од глина поврзани со грнчарството, а беа изложени и разни експонати, кои сведочеа за културното минато на двете етнички заедници.

За заедничкото дружење ни раскажува Тијана Тосева, седмооделенка во „Кирил Пејчиновиќ“: „ Дружењето со ученици од албанска етничка припадност беше пријатно. Изработувајќи маски, ние се запознавме, другарувавме и разменивме контакти. Одлична можност да научам повеќе за друга етничка заедница. Се надевам дека ова дружење нема да престане тука.“, вели Тијана.

2Со слични впечатоци е и Димитрина Бошковска, ученичка од VIII одделение „Литературното дружење со писателите ми остави голем впечаток. Другарувавме со момчињата и девојчињата од албанска етничка припадност, кои покажаа големо гостопримство. Разменивме искуства од образованието, научивме и по некој албански збор. Со нетрпение ја очекувам нашата повторна средба“, вели таа..