Sunday, July 25, 2021

Денови за меѓуетничка интеграција во образованието – работилница за рефлексија и одржливост

Деведесетина претставници од повеќејазични училишта од 6 избрани општини во кои се одржаа Деновите за меѓуетничка интеграција – Бутел, Куманово, Брвеница, Гостивар, Кичево и Струмица, учествуваа на еднодневни работилници што се одржаа во декември во Скопје.

3-001

На Деновите за меѓуетничка интеграција кои се одржаа во изминатиот период, учениците и наставниците демонстрираа и презентираа разновидни активности со кои го негуваат меѓусебното пријателство и придонесуваат за развој и унапредување на меѓуетничката интеграција.

За време на работилницата учесниците ги споделија постигнувањата и искуствата во однос на организирањето и имплементирањето на овие настани, ги идентификуваа предизвиците во текот на активностите и дискутираа за потенцијалните начини за подобрување и унапредување на ваквите активности.

6-001

Дополнително, за време на процесот на рефлексија, тие даваа предлози и сугестии за тоа како оваа иницијатива би можела да стане долгорочно одржлива на училишно и на општинско ниво, со што би се придонело кон унапредување на меѓуетничката интеграција во рамки на заедниците.