Sunday, July 25, 2021

Вториот летен ученички камп се одржа во Охрид

Потрагата по скриено богатство низ Охрид, вежбите за тимска соработка, но и друштвените игри со компетитивен дух како монопол и твистер, беа само дел од забавните активности на вториот летен ученички камп, што се одржа од 16 до 19 септември во Охрид.

За време на четиридневниот камп, кој се организираше во соработка со Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“, една од партнерските организации во ПМИО, 40 ученици и 8 наставници од вкупно 4 училишта од Тетово имаа можност да се запознаат и дружат.

Покрај бројните умствени активности, дел од своето време учениците го минаа и учествувајќи во забавни спортски игри, преку кои имаа можност за дополнителна комуникација и интеграција.

Ваквите забавни кампови кои ги организира ПМИО се со цел на учениците од различна етничка припадност да им се овозможи контакт и активна интеракција, да се подобри нивната меѓусебна комуникација и да се создаде простор за градење на нови пријателства.